-->
-->
Хулигани во Истанбул му се закануваат на Тошиќ
-->
Турските фанови револтирани од начинот на кој српскиот репрезентативец Тошиќ ја прослави победата против Албанија во Елбасан вршат страшен притисок врз него по што дури ни тренерот на Бешиташ, Шенол Ѓунеш мораше да го изостави од тимот на последните две средби.
Да потсетиме Србија победи со 2-0 а Тошиќ прославуваше со три подигнати прсти.
Залудни беа неговите објаснувања дека тоа начин на прославување во Србија без намера да се навреди противникот и слично.
Врв на шиканирањето беше моментот кога навивачите на Бешикташ го повикаа пред трибината и пред неговото лице го развеаја навивачкото знаме.
Тошиќ инаку е еден од најстандардните и најдобрите играчи на Бешикташ чии навивачи се насладуваа на овој потег и најавија дека ќе му ги скршат трите прста доколку со нив мавта и во Истанбул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неверојатен медицински случај од Индија: Лекари извадиле 526 „заби“ од устата на 7-годишно момче
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
