Хуманитарен базар за поддршка на СОС Детско село

Предновогодишен хуманитарен базар на рачно изработени рециклирани предмети на кој ќе се собираат средства за СОС Детското село Македонија, ќе се одржи денеска во Веро Центарот во Скопје.
Предметите ги изработија деца од градинките низ Македонија во изминатите три месеци.
На базарот, организиран во рамки на Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, треба да присуствуваат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и националниот директор на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова-Гапо.
Во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ организирани беа едукативни работилници наменети за деца од четири до пет години, а во нив беа вклучени близу 2.000 деца од повеќе од 60 градинки ширум државата кои изработуваа предмети од празни амбалажи со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.
Проектот има цел и да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на овој хуманитарен базар, а собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детското село Македонија.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
