Хуманитарен концерт на гевгелискиот ансамбл „Бојмија“

Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија синоќа го одржа традиционалниот трет хуманитарен новогодишен концерт „Заедно сме посилни“ во кој беа вклучени и децата со посебни потреби од гевгелискиот центар „Мајка Тереза“.
Претседателот на ансамблот Игор Илиевски рече дека бил пријатно изненаден од музикалноста на децата со посебни потреби и од фактот колку тие деца имаат слух за пеење и играње, а отец Димитар Ташев изрази голема благодарност до ансамблот што во концертот ги вклучи и децата од центарот што го носи името на големата хуманистка „Мајка Тереза“.
– Нема поголема радост за овие деца кои поседуваат голема дарба, но и потреба за играње и пеење, рече Ташев.
За време на концертот во холот на театарот беше поставена продажна изложба на предмети изработени од децата со посебни потреби за кои беа наменети собраните средства од продадените предмети и од влезниците за концертот.
Годинашниов концерт кој беше подржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија,ансамблот „Бојмија“ го организираше во соработка со Пионерскиот дом и центарот „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
