-->
-->
Хуркач со прва Мастерс титула во историјата на Полска
-->

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го освои најголемиот трофеј во својата кариера, победувајќи го италијанскиот тинејџер Јаник Синер со 7:6(4)/6:4 во финалето на Мастерсот во Мајами, во необична пресметка на двајца тенисери кои се блиски пријатели и кои играат заедно во двојки.
19-годишниот Синер беше сензацијата овие две недели на Флорида, покажувајќи игра со која може да се надева на големи успеси во иднината, но 24-годишниот Хуркач беше едноставно поискусен во клучните моменти.
Полјакот губеше со 0:3 и со 5:6 во првиот сет, но се врати да израмни и го освои тај-брејкот, по што поведе со 3:0 во вториот. Сепак, Синер не се откажа и до крај го намачи Полјакот до неговата трета титула, по таа во Винстон-Сејлем во 2019 и таа од Делреј Бич од јануари оваа година.
Хуркач сега е првиот полски тенисер во историјата со Мастерс 1000 титула и од понеделник ќе биде на 16. место на АТП листата. Титулата е сосема заслужена ако се знае дека на патот до финалето тој ги победи Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Денис Шаповалов и Милош Раонич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина | ВИДЕО
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
-

Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
-

Се уште нема информации за Македонецот кој исчезна по пожарот во Кран Монтана | ВИДЕО
-

Во „БМВ x5“ превезувал 10 кг. кокаин, уапсен 26 годишник во Количани | ВИДЕО
