И Едвард Сноуден побара амнестија од Барак Обама

Едвард Сноуден, поранешен консултатнт во американската Националната агенција за безбедност (НСА) побара амнестија од претседателот Барак Обама, пред тој да ја напушти Белата куќа во јануари 2017 година.
Сноуден во интервју за британскиот весник „Гардијан“ тврди дека неговите откритија биле корсни за САД.
- Мислам, дека ако луѓето ги оценат корисните ефекти, станува јасно, дека од 2013 година законите во нашата земја се сменија. Конгресот, судовите и претседателот, сите ја сменија политиката по тие информации. Нема ниту еден јавен доказ дека некој настрадал од нив, изјави Сноуден во видео-интервјуто објавено од „Гардијан“.
Во јули Белата куќа ја отфрли петицијата за помилување на Сноуден, кој во 2013 година ја откри американската електронска шпионажа.
Претходно, две американски организации за човекови права - Амнести Интернешенел (АИ) и Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) соопштија дека почнуваат кампања за помилување на Едвард Сноуден, кој побегна од САД и сега живее во Русија.
Намерата на овие две организации е да се убеди претседателот Обама да го помилува Сноуден. Кампањата се совпаѓа со почетокот на прикажувањето на играниот филм за овој поранешен соработник на НСА.
Сноуден украде илјадници доверливи и тајни документи и потоа ги предаде за објавување. Од нив се дозна дека НСА „спроведува масовно следење на телефонската и интернет комуникација“, покривајќи го тоа со борбата против тероризмот.
Веднаш потоа, Сноуден побегна за Хонг Конг, а по кусо криење меѓу локалните бегалци, замина за Москва. Од тогаш, во Русија живее како бегалец, но никој не знае каде, ниту од што живее.
АИ од почетокот ја одобрува постапката на Сноуден да ја открие „тајната и илегална“ постапка на американската администрација.
Според Амнести Интернешенел, никој не треба да се казнува за откривање насилство врз човековите права.
Американските медиуми, меѓутоа, веруваат дека кампањата ќе му помогне на филмот, но нема да го натера Обама да го помилува Сноуден, кој е обвинет за крадење и откривање на тајни информации.
Еден од советниците на претседателот Обама, претходно изјави дека Сноуден треба да се предаде, за да му биде судено пред порота, наместо што се крие под закрилата на еден авторитарен режим“.
Мнозинството Американци и натаму мислат дека Едвард Сноуден е обичен предавник и шпион, кому треба да му се суди во САД.
Ново на Сител
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
