Живот
21. January 2019 - 14:55

И ги уапсија родителите, а потоа од автомобилот излезе девојче (2): Полицајците вооружени до заби, во шок од нејзиниот потег

Под сомнение дека ограбиле продавница полицијата запре двојка на Флорида, за да ги уапси.

Полицијата била добро опремена и вооружена зошто им јавиле дека осомничените лица за кражба носеле и оружје. Чад Бом и Џејмс Мекмулен запрени се среде улица, а полицијата впери оружје кон нив.

Минувачките снимија дел од апсењето. Откако мажот дошол до полицискиот автомобил, следувал делот кој многумина шокираше. Двегодишно девојче едвај се спушти од автомобилот и тргна кон полицајците.

Сето време ги држеше рацете во вис, имитирајќи ги уапсените.

На снимката може да се види девојчето како оди босо.

На местото на апсењето се наоѓала и нејзината мајка која на полицајците им рекла дека во возилтоо се наоѓа и нејзиниот едногодишен син кој подоцна го зела. Минувачите не можеле да веруваат што гледаат.