И годинава се случи чудо – Се појавија „Богородичните змии“
Една несекојдневна традиција речиси секоја година се случува на островот Кефалонија, во близина на селото Маркопуло. Имено, секоја година во август меѓу празниците Преображение и Успение (6 и 15 август според календарот на Грчката Црква), се појавуваат змии внатре и надвор од црквата на Успението на Пресвета Богородица, чијшто број секојдневно се зголемува, а кои мештаните ги нарекуваат „Богородични змии“. Тие денови жителите на селото Маркопуло ги собираат змиите и веруваат дека треба да ѝ ги принесат на Пресвета Богородица, за празникот на нејзиното Успение.
Интересно е што на челата од змиите се изобразени крстови. И годинава змиите чудесно се појавиле за да ѝ оддадат чест на Богомајката, како што сведочи бројниот народ. Според нив, на овој начин луѓето се потсетуваат на рајската градина, во која првосоздадените луѓе живееле заедно со животните, славејќи Го Бога.
Само два пати змиите не се појавиле во црквата: во 1940 година, пред почетокот на Втората светска војна, и во 1953 год., годината кога се случил голем земјотрес на островот. Токму затоа локалното население се радува кога ќе ги забележи змиите, на тој начин надевајќи се дека нема ништо лошо да се случи таа година.
youtube.com/watch?t=195&v=41nv43RynZA
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата