И Ирска привремено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека
Вакцинацијата со лекот на АстраЗенека треба привремено да се запре додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин.
– Оваа препорака е дадена по извештајот на Норвешката медицинска агенција за четири нови случаи на згрутчување на крвта кај возрасни по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, рече Глин, но додаде дека „сè уште не е заклучено дека постои поврзаност меѓу вакцината на АстраЗенека и овие случаи“.
– Како мерка на претпазливост и во очекување на нови информации, Националниот советодавен одбор за имунизација (НИАЦ) препорача привремен прекин на вакцинацијата со АстраЗенека во Ирска, соопшти Глин.
Норвешка престана да ја користи вакцината уште во четвртокот, по сличен потег на Данска и Австрија која истражува смртен случај поради нарушувања на коагулацијата и случај на белодробна емболија.
Ново на Сител
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-
УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
-
„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари