И Кавадарци ќе има зонско паркирање

Во општина Кавадарци тече процедурата околу обезбедување на јавно-приватно партнерство за спроведување на зонско паркирање во градот, информираат од квадаречката локална самоуправа. Паркирањето во зони, нагласуваат, е еден од начините за решавање на проблемот со недоволно паркинг места, особено во пазарни денови.
- На последната седница на општинскиот Совет донесена е одлука за старт со процедура за доделување на договор за концесија за давање на паркинг услуги. Во одлуката, која ја изгласа мнозинството советници, стои дека оправданоста за доделување на договор за конецесија произлегува од потребата за одржување и користење на јавниот простор за воспоставување на организиран режим на паркирање преку користење на затворените паркинзи и јавните површини, бидејќи општина Кавадарци не располага со буџетски фискален капацитет кој може да обезбеди ефикасен начин за организирање на зонско паркирање, соопштуваат од општината.
Во образложението на одлуката се вели дека целите кои треба да се постигнат со зонското паркирање преку јавно приватно партнерство се, уредување и организирање на нов, модерен и автоматизиран начин на управување и контрола со уличното паркирање, како и на паркирањето од затворен тип, набавка на опрема за давање на услугата паркирање од приватниот партнер, зголемување на квалитетот на услугите за паркирање, подобрување на сообраќајниот тек и поголема безбедност низ улиците во Кавадарци, како и зголемување на искористеноста на секое паркинг место.
Проценетата вредност на договорот за концесија изнесува 269.922 евра. Постапката за доделување на договор за концесија ќе се спроведе преку отворен повик, согласно Законот за јавни набавки. За да се спроведе оваа постапка градоначалникот на Кавадарци Александар Панов ќе формира посебна комисија составена од по еден претставник од позицијата и опозицијата, како и нивни заменици кои ќе ги одреди комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
