-->
-->
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-->
Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари. Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои и кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа - прегазила дете и треба да оди во затвор. Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката.
Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ