И минатата година зголем бројот на „нови“ Австријци

Бројот на нови државјани на Австрија порасна минатата година за 7,5 отсто, а меѓу главните земји на потекло е Босна и Херцеговина, додека на трето и четврто место се Косово и Србија.
Вкупно 9,271 лице лани добиле австриски пасош, од кои 35 проценти се родени на австриско тло, а 37 отсто биле помлади од 18 години.
Дури 1.300 од новите државјани се по потекло од БиХ, на второ место се поранешни државјани на Турција (779), а потоа следуваат лица од Косово (664), Србија (557) и Авганистан (424) .
Од рекордната 2003 година, кога австриски пасош добиле 45.112 лица, бројот на нови државјани постојано опаѓа и во 2010 година го достигна најниското ниво од 6.190.
Од 2011 година, бројот на нови државјани почна повторно да расте константно.
Во шест австриски покраини минатата година бил забележан раст на нови државјани во однос на 2016 година.
Во Виена растот изнесувал 27,6 отсто (3.899), потоа следи Долна Автсрија со 14,3 проценти, па Корушка со 13,7 проценти и Бургенланд со 10 отсто, додека најмал раст е забележан во Салцбург од 3,8 проценти и Штаерска од еден отсто.
Во другите покраини забележано е намалување и тоа најмногу во Горна Австрија од 26,7 отсто, потоа Форарлберг 9,3 отсто и Тирол од 9,2 проценти.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
