ОН и СБ: Нови механизми за финансирање на кризните подрачја
Обединетите нации и Светска банка најавија дека ќе го зголемат финансирањето на Блискиот Исток и на Северна Африка за да им помогнат на земјите кои се борат со бегалската криза и се обидуваат да обноват по судирот.
ОН и СБ не наведоа конкретна сума, но најавија дека ќе ги зајакнат финансиските извори во борбата со „огромните хуманитарни и економски загуби“ предизвикани од судирите во Сирија, во Ирак, во Јемен и во другите држави.
- Светот денес е сведок на најголемото присилно раселување од Втората светска војна. За да одговориме на големината и природата на конфликтите, потребни ни се нови пристапи. Важно е дека Светска банка, близок партнер на Обединети нации, како и другите меѓународни финансиски институции, заеднички активно инвестираат во државите зафатени од судири, истакна генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Новата помош ќе има две форми, во соработка со Исламската развојна банка.
Според првиот механизам, земјите донатори ќе издаваат посебни обврзници, вклучително и „исламска обврзници“ познати како „сукук“, усогласени со забраната за камата пропишана во куранот.
Според втроиот механизам, грантовите на земјите донатори ќе бидат искористени за проширување на нискокаматните заеми за државите кои прифатиле повеќе од 15 милиони бегалци од регионите на судири во последните четири години.
Ново на Сител
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Комеморација во чест на професорката Сара Пројкоска од ФМУ
-
Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со масовни несреќи од кои последната е во Кочани
-
Која е фирмата 2 СС Кичево чијшто управител заврши во притвор?
-
Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот, негира вмешаност во убиствата на Вања и Панче
-
Преглед на вестите од светот