И Турција го нормализираше визниот режим со САД

Турската Амбасада во Вашингтон денеска соопшти дека ги укинува ограничувањата за издавање визи за американски државјани, откако и САД презедоа ист чекор.
Двете земји го ограничија издавањето на визи во октомври, кога турските власти уапсија вработен во американскиот конзулат во Истанбул, под сомнеж дека е дел од организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
- Согласно принципот на реципроцитет, ограничувањата во визниот режим се укинати во исто време со укинувањето на американските ограничувања, соопшти турската Амбасада во САД.
Дополнително, турската Амбасада информира дека Турција не им дала на САД никакви гаранции дека нема да бидат гонети вработени во американските дипломатски претставништва кои се вмешани во минатогодишниот обид за државен удар.
Во соопштението на американската Амбасада во Турција беше наведено дека турските власти дале ветување оти нема да има нови обвиненија против американски дипломати или турски државјани кои работат во американските дипломатски претставништва, а доколку има, Турција на време ќе ги информира американските претставници.
Турција бара од САД екстрадиција на Фетула Ѓулен, кој со децении живее во американската сојузна држава Пенсилванија, од каде раководи со својата глобална мрежа на компании и училишта. Одбивањето на САД да го екстрадираат Ѓулен ги влоши односите меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
