И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти.
Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на рудник. Го гледаме како можност нашиот регион повторно да добие перспектива, да се создадат нови работни места, да се отворат можности за домашните компании и младите луѓе да имаат причина да останат овде, наместо својата иднина да ја бараат во странство.
Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти.
Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес.
Истовремено, очекуваме целата понатамошна постапка за проектот „Иловица – Штука“ да се води целосно транспарентно и согласно сите законски процедури. Доколку проектот не ги исполнува пропишаните еколошки и технички критериуми, не треба да биде реализиран. Но, доколку ги исполнува сите стандарди, тогаш Македонија не смее да ја пропушти можноста за една од најголемите инвестиции во својата понова историја.
Нашите барања се едноставни:
- законите да важат подеднакво за сите;
- науката и стручноста да имаат предност пред дезинформациите;
- природните ресурси да се користат одговорно и во интерес на граѓаните;
- економскиот развој и заштитата на животната средина да не се претставуваат како спротивставени цели, туку како процеси што можат да одат заедно.
Ние сме жители на овој регион. Тука живеат нашите семејства, тука растат нашите деца и токму затоа никој нема поголем интерес од нас природата да биде заштитена. Но, исто така сакаме и можност за работа, достоинствен живот и иднина во сопствената држава.
Македонија има природни ресурси. Има знаење. Има луѓе. Време е тие потенцијали да се претворат во развој – одговорно, законски и во интерес на сите граѓани.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
