-->
-->
Иако нема инфицирани со Ковид-19, Црна Гора ги затвора образовните институции
-->
Сите воспитно-образовни институции во Црна Гора од денеска во следните 15 денови ќе бидат затворени со цел превентивна и благовремена заштита на здравјето на децата, наставниот и другиот кадар, иако во земјата официјално не е потврден ниту еден случај на новиот коронавирус.
Според црногорските медиуми, за време на мерката, еден од родителите, старателите или самохраниот родители на дете до 11 години ќе има право на платено отсуство. Тоа важи за сите освен за вработените во здраствениот сектор.
Црногорската Влада соопшти дека додека не се одржува настава, медиумите ќе ги пренесуваат наставните содржини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден