Ибра е најблизу до враќање во Милано
Златан Ибрахимовиќ наскоро може повторно да го носи дресот на Милан. Ова стана јасно по изјавата на комесарот на МЛС, Дон Гарбер. Според него, „росонерите“ се италијанскиот клуб, кој ќе се засили со 38-годишниот напаѓач од зима.
Договорот на Ибрахимовиќ со Л.А. Галакси истекува во декември, а Швеѓанецот веќе јасно стави до знаење дека сака повторно да игра во Италија, каде ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Милан. Ветеранот е заинтересиран и за Болоња, а од „Ренато Дал Ара“ дури ги потврдија шпекулациите за разговори со Златан.
– Ибрахимовиќ е интересен човек и на, и надвор од теренот. На нашата лига и требаа играчи како него и Дејвид Бекам пред извесно време. Златан е смешен, ми се допаѓа како тој зборува за мене во трето лице. Иако има 38 години, тој е класа и знам дека има понуда од Милан – еден од најголемите клубови во светот, рече Гарбер.
Понудата на Болоња е за годишна плата од 8 милиони евра, но Ибра веројатно ќе го избере предизвикот да му помогне на Милан да се врати на своите славни денови.
Ново на Сител
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж