ИДФ: Сирени се огласија во Ерусалим
Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим околу 17 часот по локално време, а одбранбениот систем „Железна купола“ на земјата пресретна ракети над градот, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
„По 70 дена континуирано ракетно истрелување низ целата земја, како што се приближува Шабат, сирените се огласуваат во Ерусалим“, се вели во соопштението на ИД.
Тоа беше првиот ракетен напад врз градот во последните неколку недели, објави Би-Би-Си.
Претходно денеска, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан разговараше во Ерусалим со израелските власти за нестабилната ситуација долж либанско-израелската граница, нагласувајќи дека Вашингтон нема да толерира закани од либанската милитантна група Хезболах во северен Израел, но дека тие може да се решат дипломатски.
Претседателот на палестинските власти Махмуд Абас денеска се сретна со Саливан во Рамала.
По тој повод, Абас ја истакна потребата од итен прекин на израелската агресија врз Палестинците, особено во Појасот Газа, пренесе палестинската новинска агенција ВАФА.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има