-->
-->
Идниот министер за здравство - За да не пијам дијазепам ќе возам велосипед
-->
Кога ќе стапам на функцијата министер за здравство, ќе си ги исполнувам обврските што ќе ги налага позицијата, но нема шанси да не наоѓам време за возење точак. Ова за Вест.мк го изјави идниот министер за здравство проф. Арбен Таравари.

- Точакот ми е oдлична антистрес терапија. Ако не возам, ќе треба да пијам дијазепами, а не сакам. Не планирам да се откажам ниту од пациентите. Ќе гледам барем еднаш во неделата да бидам во амбуланта на прегледи. Не сакам да се откажам од мојата професија, вели Таравари за Вест.мк.
Д-р Таравари е спец. невролог, кој на новата позиција доаѓа од Клиниката за неврологија.
Освен онаа за здравство, Алијансата за Албанците доби уште една министерска фотелја, онаа за локална самоуправа во која ќе седне Сухејл Фазлиу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот