ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја

Директорот на Меѓународната агенција за енергија (IEA), Фатих Бирол, изјави дека конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел ја создава најтешката енергетска криза со која светот досега се соочил.
Во интервју за Radio France Inter, Бирол изјави дека „ова навистина е најголемата криза во историјата“ посочувајќи дека влошената ситуација е комбинација од нарушувањата на пазарите на нафта и гас и веќе постојните проблеми предизвикани од војната меѓу Русија и Украина.
Според него, глобалните енергетски пазари се во полоша состојба отколку за време на претходните големи кризи од 1973, 1979 и 2022 година.
Блискоисточниот конфликт доведе до нарушувања во поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина, преку кој поминува речиси една петтина од светските испораки на нафта и течен природен гас. Тоа дополнително го оптоварува глобалното снабдување со енергенти, веќе засегнато од намалените руски испораки кон Европа.
IEA претходно овој месец соопшти дека е подготвена да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви со цел да се ублажи растот на цените предизвикан од кризата.
МИА
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
