-->
-->
Игор Стефановски – Иџе избран за спортист на град Скопје за 2015 г.
-->
Европскиот шампион во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски Иџе го доби признанието најдобар спортист на град Скопје за 2015 година.
На денешната свеченост во Советот на град Скопје, беа доделени признанијата за најуспешните во спортот во главниот град.
Очекувано автомобилист Игор Стефановски – Иџе, беше главниот лауреат.
За најдобар млад спортист е прогласен каратистот Петар Заборски, а наградата за најдобар тренер заврши во рацете на Мирче Јанушевски од Карате клубот Металург.
За најуспешен спортист, меѓу лицата со посебни потреби е прогласен пливачот Марио Мицковски
За најуспешна спортска екипа беше прогласен женскиот ракометен колектив на Вардар, додека нивниот колега од машкиот состав Арпад Штербик го понесе признанието за најдобар странски спортист.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар