ИЈЗ: Намалување на бројот на смртни и новодијагностицирани случаи
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 делември, 2020г. тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30.11 до 06.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/
Ново на Сител
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ