-->
-->
Илиевски: Горд сум што ја претставував мојата земја
-->
Доскорешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија Владо Илиевски со настапот на Евробаскет 2015 ја заврши својата репрезентативна кариера. Тој на емотивен начин го доживеа крајот на натпреварот со Словенија последен за него во националниот дрес и по тој повод до македонските навивачи се обрати преку Фејсбук каде напиша дека со гордост играше за Македонија.
- Голема благодарност до моите фанови, пријатели и сите вие кои што ме поддржувавте додека играв за националниот тим. Ми беше голема чест и горд сум што ја претставував мојата земја, на крајот и како нејзин капитен. Иако завршив со играњето за мојата држава, се надевам дека ќе бидам дел од македонската кошарката во иднина. Да живее Македонија, напиша Владо.
Илиевски ќе остане дел од историјата на македонската кошарка со тројката постигната на ЕП 2011 во Литванија кога Македонија го победи домаќинот на шампионатот и влезе во полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа