-->
-->
Илија Георгиев го фати Светиот крст во Гевгелија
-->
Илија Георгиев од гевгелиското село Мрзенци беше најсреќниот меѓу десетината млади момчиња кои скокнаа по Светиот крст во водите на реката Вардар на денешниот богојавленски собор во Гевгелија, на кој приуствуваа неколку илјади граѓани.
Дваесет и четиригодишниот Илија Георгиев вели дека ова му е четврти пат да го фати Светиот крст во досегашните пет негови обиди.
- Радосен сум што меѓу десетината учесници токму мене ми се посреќи повторно да го фатам Светиот крст. Мојата голема радост и верба во Бога со Светиот крст ќе ја пренесам во сите христијански домови во општина Гевгелија, рече возбудениот Георгиев.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов му ја честиташе радоста на Илија Георгиев на кого му подари телевизор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет