-->
-->
Илија Трпков реизбран за претседател на подружницата на судии од Основниот суд Скопје при Здружението на судии
-->
Подружницата на судии од Основен суд Скопје при Здружението на судии на денешната седница повторно го избра за претседател на подружницата, судијата Илија Трпков.
Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.
-Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме, се вели во соопштението од Подружницата на судии од Основен суд Скопје при Здружението на судии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите