„Илинден“ бара измена на Законот за територијална поделба на Албанија

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот огранок за областа Голо Брдо, упати барање до Владата на Република Албанија и Министертвото за локална самоуправа за измена на Законот за територијална поделба.
Тие бараат формирање две општини, Голо Брдо и Гора, бидејќи последната територијлна поделба, за Македонците и другите жители од овие две области се покажала како несоодветна.
- По две години од донесувањето на Законот за нова територијална поделба на Албанија, се потврдија нашите сугестии дека новата поделба не е функционална и не е во интерес на граѓаните од двете области.За неправедна ја сметаме и одлуката на Уставниот суд,кој не го прифати приговорот на Македонците. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците и другите жители во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото во изјава за МИА.
Колку за илустрација, додава тој, за еден извод од матична книга на родени треба да се патува најмалку два часа, а да не говориме за други секојдневни потреби.
- Поради тоа, во име на Македонците од двете области бараме од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да извршат измени на законот и да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското малциство во Република Албанија во текот на подготовката на законот, нагласува Ѓурѓај.
Со новата територијална поделба се укинаа поранешните општини во споменатите области и областа Гора се припоиа административно кон Кукс,додека општините од Голо Брдо дел кон Булќиза дел кон Либражд.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
