-->
-->
Илиоски: Инвестициите во „Жабени“ ќе бидат главен мотор за економскиот развој на Битола
-->
Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Илиоски најави нови инвестиции во Индустриската зона „Жабени“-Битола.
- Ќе продолжиме да ја подигнуваме атрактивноста на Индустриската зона со повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на нова улична мрежа во тој мал индустриски град за што во нашата програма предвидуваме буџет од 12,5 милиони денари, рече Илиоски.
Додаде дека имаат план и за Офицерскиот дом во Битола.
- Исто така за реконструкција на Офицерскиот дом, кој е важен за битолчани, имаме предвидено 1 милион евра со конкретни предлог содржини и намена за која заеднички со граѓаните ќе дебатираме, истакна меѓудругото Илиоски во својот предизборен настап пред битолчани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали