Илјадници луѓе на протести во градовите низ Британија

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им порача на пратениците кои сакаат да спречат Брегзит без договор да донесат закон или да ја соборат владата, а конзервативниот претседател на Долниот дом на Парламентот тврди дека сега ЕУ треба го спречи хаотичниот излез.
Британците од излезот од ЕУ ги дели најмалку два месеца, а се уште не е постигнат договор меѓу двете страни, со кој ќе се ублажат последиците од Брегзит. Илјадници луѓе се собраа на протести во Лондон, Манчестер, Единбург и други градови додека се потпишува петиција на интернет со повеќе од 1,1 милион потписи до денеска.
На најголемиот собир во Лондон луѓето скандирале „Запри го пучот“ и се виореле знамиња на ЕУ. Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент Џејкоб Рис-Мог и порача на опозицијата дека има два избора пред себе.
– Еден е смена на власта, а другиот е промена на законот. Ако немаат храброст или идеја да постигнат било што од тоа, тогаш на 31 октомври ќе излеземе согласно резултатите од референдумот, изјави влијателниот член на конзервативната партија. Тој нагласи дека „сега треба ЕУ да одлучи дали сака разумен договор или ќе инсистира на вазалство“.
Кралицата Елизабета Втора го одобри барањето за прекин на работата на Парламентот, што значи дека тој нема да заседава од средината на септември до средината на октомври и тоа ќе биде најдолг прекин во работата на британскиот Парламент за речиси 400 години од парламентарната историја, а повторно ќе биде отворен на 14 октомври, малку повеќе од две недели пред Брегзит.
Ново на Сител
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
-

Сиљановска - Давкова: Од успешноста на правосудните реформи ќе зависи дали нашето судство ќе има сила да каже „не“ кога политиката ќе му каже „да“
-

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
-

Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување
