Илјадници Португалци протестираа во Лисабон и во други градови против високата инфлација
Илјадници Португалци протестираа вчера во Лисабон и во други градови во земјата против вртоглавото зголемување на инфлацијата, барајќи значително зголемување на платите и пензиите, јави ДПА. Во главниот град Лисабон, демонстрантите маршираа кон зградата на Парламентот, извикувајќи „Трошоците за живот растат и луѓето не можат да врзат крај со крај“, „Не можеме да прифатиме да бидеме сиромашни кои работат“ и „За земјата да оди напред, платите мора да се зголемат“.
Генералната конфедерација на португалските работници го организираше протестот, прогласувајќи го вчерашниот ден за „национален ден на огорченоста“. Демонстрациите беа придружени со штрајкови на здравствените работници и вработените во јавниот транспорт.
Генералниот секретар на синдикатот Изабел Камариња изјави дека протестите биле успешни. Во својот синоќешен говор пред парламентот, таа истакна дека Португалците страдаат од „тешка загуба на куповната моќ“ што ги погодува сите области на економијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
