Македонија
18. April 2016 - 20:31

Илјадници велешани во одбрана на државата и поддршка на ГДОМ

Велешани масовно излегоа во градот да дадат поддршка на протестот на ГДОМ.

Илјадници велешани излегоа да дадат поддршка на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Тие истакнаа дека изборите се единственото решение за надминување на кризата чија сериозност и се заканува на државата и претставува сериозна кочница за напредокот.

Меѓу велешани беа присутни голем број на иметници, актери, интелектуалци…

gdom-vo-veles

Во Велес вечерва се одржува мирен протест на кој граѓаните изразија револт од деструктивната политика на опозицијата.

„Одбрана, одбрана“ ечеше низ велешките улици.

-Оваа држава мора да се одбрани и оваа држава не ја даваме на насилници и криминалци како Заев, истакнуваат поддржувачите на ГДОМ.

Освен во Велес, ГДОМ вечерва организира масовни и митни протести во Битола и Штип.

veles-0gdom

Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Иако неколку дена имаше прекин на собирањата, поради огромната желба на граѓаните и огромниот притисок јасно  да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата која ја применува СДСМ, како и за одбрана на државата и мирот, ГДОМ започнува со серија граѓански собири.

veles-2gdom

 

Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.

veles-01gdom

-Деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива, истакнуваат од ГДОМ.

Слободата и демократијата се брани токму од тие од каде што извира, а тоа е народот. Затоа народот ќе си ја брани својата волја и зачува својата слобода. Потребни се избори, волјата на народот се изразува единствено на избори од кои нема бегање. Тоа е врвен демократски чин, нема поголема демократија од тоа да се одлучи на избори. СДСМ со бегањето од избори, бега и се плаши од волјата на народот.

gdom-vo-veles2

-Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.

Претходно ГДОМ одржа масовни собири во Скопје каде над 20 илјади граѓани излегоа и мирно го изразија својот револт од кризата наметната од опозицијата.