Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
Милијардерот Илон Маск објави дека ја продаде својата социјална платформа Икс (Х) на својата компанија за вештачка интелигенција „икс ЕјАј“ (xAИ).
Маск на својот Икс профил прецизираше дека договорот за сите акции е во вредност од 45 милијарди долари, вклучително и долгот од 12 милијарди долари. Според договорот, „икс ЕјАј“ се проценува на 80 милијарди долари, додека Икс на 33 милијарди долари.
-Иднината на „икс ЕјАј“ и Икс се испреплетени. Официјално го преземаме чекорот за комбинирање податоци, модели, пресметување, дистрибуција и талент. Комбинираната компанија ќе испорача поинтелигентни, поосмислени искуства на милијарди луѓе, а во исто време ќе остане доследна на нашата основна мисија за барање вистина и унапредување на знаењето, посочи Маск.
Според него тоа ќе овозможи да се изгради платформа, која не само што го одразува светот, туку и активно го забрзува човечкиот напредок.
Маск Твитер го купи во октомври 2022 година за околу 44 милијарди долари и ја преименува платформата во Икс.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино