Има напредок, но не и конечен договор во преговорите меѓу МОН и СОНК
По денешната средба во Владата за усогласување на ставовите за новото зголемување на платите на наставниците, министерот Арбер Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков изјавија дека има напредок, но не и конечна одлука. Средбите ќе ги продолжат идната недела и очекуваат дека тогаш ќе имаат и договор.
Засега СОНК не отстапува од барањето зголемувањето да биде од 1 јануари, а не од април 2020, а за процентот на покачувањето остава простор за договор. Од Владата им понудија 10 отсто со платата за април.
Министерот Адеми рече дека има позитивни сигнали за напредок кон постигнување договор за, како што посочи, историско и трето покачување на платите во дејноста образование. Рече дека за прашањата колку ќе биде и од кога ќе почне исплатата на повисоки плати конструктивно ги разгледуваат сите опции, но дека она што ќе се преземе треба да биде реално применливо и според можностите.
-Има приближување и напредок во нашите ставови. Преговорите ќе ги продолжиме и во наредните денови и верувам дека ќе постигнеме заемно прифатливо решение. Ние сме заинтересирани да ја подобриме материјалната и социјалната состојба на вработените во дејноста образование и за следно историско покачување на платите. Конечен договор би требало да се постине во наредните денови. Ќе бидеме во комуникација со претседателот на СОНК, истакна Адеми по средбата со Неделков во Владата, на која присуствувал и премиерот Зоран Заев.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков, исто така, изјави дека имаат позитивни сигнали за напредок и поместување на позициите од денешните преговори. Нагласи дека СОНК не попушта за терминот на зголемувањето на платите и бараат тоа да почне од 1 јануари 2020, а процентот, како што рече, е предмет на договор и компромис.
-Имавме конструктивен, меѓутоа би рекол и тешки преговори. Аргументите што ние ги изнесовме на маса и тврдиме дека имаат голема тежина ги спротивставивме со аргументите на МОН и на Владата, така што има напредок во преговорите. Но, до конечниот договор има уште доста да се работи. За жал, времето е многу кратко, Советот на СОНК има донесено одлука за влегување во генерален штрајк на 11 ноември. Се договоривме со министерот да бидеме секојдневно во комуникација и од идната недела мора да одржиме уште неколку работни средби, а можеби доволна ќе биде и една каде што конечно ќе имаме договор, истакна Неделков.
Одговори и дека евентуалниот генерален штрајк што го најавија за 11 ноември нема да го пролонгираат затоа што, рече, тоа би се протолкувало како купување време.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето