Има само 7 години, а остави силна порака - Дарија ги расплака Јелена и Гоца

Дарија Врачиќ во полифинале на Пинкови ѕвезди ја отпеа песната „Само да рата не буде“. Целиот настап бил преемотивен, Гоца, Јелена и Леонтина заплакаа слушајќи ја песната.
Девојчето со песната на Џорџе Балашевиќ испрати силна порака иако има 7 години.
„Убаво е тоа што се присети на песна која го одбележа тоа време. Не врати нас во времето кое се надевам дека никогаш нема да се врати“, рече Хари.
„Им оддржа лекција на возрасните кои грешат. Ти покажа дека во вашите детски срце лежи вистината. Ова беше еден од најпоучните настапи, пееше како никогаш до сега...симнувам капа„, вели Милан. А со него се сложи и Гоца.
„Прво никогаш подобро не си пеела. Ти си сериозна пејачка. Тоа што е најважно во овој настап е тоа дека нема генерација која не ја преживеала војната. Јас се надевам дека ти и нашите деца нема да поминуваат низ такво нешто“, истакна Гоца. А тоа тоа се сложи и Леонтина.
„Најдобро пееше до сега. Ја покажа длабочината и малку зборови има за тоа да го пофалат. Мене ова толку ме обзеде, вели пејачката.
„Преемотивно, пресериозно. Ги слушаш зборовите кои се вистините, кога се тоа ќе се спакува со твојот ангелски изглед не може човек да остане рамнодушен. Ти си ангел гласник“, истакна Јелена Томашевиќ.
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
