-->
-->
Имаат дозвола за убивање: Илјадници специјалци на мечот Англија - Франција
-->
Под големо полициско обезбедување во кое се вклучени и специјалните британски единици САС ќе се одигра во Лондон дуелот меѓу Англија и Франција. Мечот од трибините најавено е да го следат британскиот премиер Дејвид Камерон и принцот Вилијам.

Вооружени полицајци се поставени на стадионот Вембли каде пристигнаа француските репрезентативци кои вечерва ќе одиграат пријателски меч против Англија.

За овој пријателски меч се направени безбедносни подготвки на највисоко ниво, при што за безбедноста на навивачите се ангажирани над 5000 тешко вооружени полицајци. Секој навивач ќе биде детално прегледан пред влезот на стадионот.


Специјалците на САС и вооружените полицајци имаат овластување да убијат на вечерашниот меч на Вембли каде се очекува да пристигнат над 80.000 фанови кои на овој начин ја изразуваат својата солидарност со жртвите на терористичките напади во Париз.



Меѓу играчите од Франција кои вечерва ќе настапат во Лондон е и Ласана Диара чија блиска роднина беше една од жртвите на терористичкиот напад во Париз.

Францускиот фудбалер Пол Погба чекореше утрово со соиграчите во близина на стадионот, во придружба на вооружени полицајци.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје