„Имерсија“: Грција до крајот на 2015 ќе прифати нови мерки на штедење
Грција се обврза до крајот на 2015 година да прифати уште еден пакет мерки за штедење, во вредност од два милиони евра, за кој Еврокомисијата смета дека ќе ја извлече земјата од лошата финансиска состојба, објави атинскиот весник „Имерисија“.
Според Еврокомисијата, Грција ќе успеаа оваа година да ги постигне поставените финансиски цели, кои беа договорени со меѓународните кредитори на земјата во рамките на третиот спасувачки пакет.
Комисијата смета дека поради растечката несигурност Грција и во оваа и следната години ќе биде во рецесија и дека БДП на земјата во 2015 ќе се намали за 1,4 отсто и во 2016-та за уште 1,3 проценти.
Според прогнозата на еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, финансиската состојба на Грција ќе почне да се подобрува во втората половина на 2016 година и дека од клучно значење е правилната примена на барањата на кредиторите за реформи.
- Еврокомисијата в понеделник ќе даде позитивна оценка за спроведувањето на првиот пакет мерки за штедење, по што напорите на Грција ќе треба да продолжат со спроведување на вториот пакет, изјави Московиси.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа