Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје.
- Пријавено е дека на улица „Рилски Конгрес“ во Црниче, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ж
МИА
Ново на Сител
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
