Инцидент во македонски ресторан
Во Тетово изутринава во 1:20 часот Д. П. (1992) од Тетово сопственик на Угостителски објект „Мерак“ пријавил дека Д. Ф.и Ј.Н. му се заканувале и физички го нападнале.
Околу 00:30 часот пријавените во видно алкохолизирана состојба сакале физички да се пресметаат во објектот со дел од присутните гости, влечејќи ги за јакни, ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги нападнат, по што Д.П се обидувал да ги смири и ги замолил да престанат и да седнат на своето место.
По доаѓањето на полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и физички го нападнале.
По издадена наредба од страна на полициските службеници да престанат со насилството, истите се оглушиле на наредбата и почнале да ги омаловажуваат и да им се закануваат и на полициските службеници.
По обидот за приведување Д. Ф. и Ј.Н дале отпор и физички ги нападнале полициските службеници К.С. и А.С, задавајќи им удари со тупаници и клоци, по што од страна на полициските службеници употребени се средства за присилба и лицата се приведени во Полициската станица - Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
