Инцко: Меѓународната заедница ќе интервенира во БиХ при обид за сецесија
Сепаратистите кои се обидуваат да ја поделат Босна и Херцеговина по етнички линии, ги загрозуваат напорите на земјата за членство во ЕУ и ќе ја принудат меѓународната заедница да интервенира на секој обид за отцепување, изјави високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко,
- Од една страна имаме заложби за интеграција во Европа, а во исто време, од друга страна, и заложби за деинтеграција на земјата, оцени Инцко, додавајќи дека таквите обиди несомнено ќе го успорат процесот на приближување на БиХ кон ЕУ.
Како што јави ФЕНА, тој нагласи и дека меѓунардоната заедници би можела да интервенира во БиХ, доколку „бидат преминати црвените линии“, односно ако босанските Срби распишат референдум за независност на Република Српска.
Запрашан дали таа интервенција на меѓународната заедница би била од воен карактер, Инцко одговори дека тој попрво би се придржувал до мирни решенија, како на пример меѓународен притисок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација