Инцко: На потег е Обвинителството на БиХ
Високиот претсавник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, денеска изјави дека доколку се утврди дека во текот на одбележувањето на Денот на Република Српска дошло до кршење на Уставот и законот во БиХ, на потег е Обвинтелството на БиХ, кое треба да реагира по службена должност, јави Танјуг.
Инцко не сакаше да ја коментара наредбата на претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваничиќ, за вчерашниот ангажман на припадниците на Вооружените сили на БиХ во Бања Лука, бидејќи, како што кажа, тој е задолжен за цивилните аспекти на Дејтонскиот договор.
А за воените аспекти, додаде, задолжен е НАТО, односно дека е сигурен дека тие ќе го разгледаат случајот.
На новинарите во Сараево Ицко им кажа и дека тежнеењето за приклучување на Република Српска кон Србија била сецениостичка намера и дефинитивно „пречекорување на црвените линии“.
-За меѓународната заедница постои само дејтонска Босна и Херцеговина и Република Српска која доби свој легитимитет на 21 ноември 1995 година во Дејтон. Доколку почнеме да славиме празници како што е 9 јануари, тогаш некои можат да се досетат и да се слави, да кажеме, 10 април, денот кога е основана Независна Држава Хрватска (НДХ), наведе Инцко, пренесе Фена.
Ново на Сител
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка