Свет
24. January 2017 - 8:45

Индепендент: Меј можно е до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата по Член 50 од Лисабонскиот договор

Британски Индепендент објави денеска дека премиерката тереза Меј можно е до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата по Член 50 од Лисабонскиот договор за излегување на државата од Европската унија.

Весникот се повикува на владини извори кои наведуваат дека документот веројатно ќе биде завршен неколку дена по очекуваната денешна одлука од Врховниот суд за прашањето за процедурата на „разводот“ со ЕУ.

Аналитичари сметаат дека одлуката нема да биде во корист на Меј и тоа ќе му овозможи на парламентот право да се произнесе одново за активирање на процедурата со која ќе почне 2-годишен рок за напуштање на ЕУ.