Индепендент: За Меркел има проблем и со Јункер
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер станува дел од проблемот со кој германската канцеларка Ангела Меркел ќе мора да се заинтересира, наведуваат извори од германскиот Кабинет.
Јункер во последно време е под критика од повеќе правци поради лоши постапки по брегзит, наведува Индепендент.
Германски министер за Тајмс вели дека Меркел почнала да го смета Јункер како “дел од проблемот“ во Европската унија.
– Јункер многу пати дејствуваше против заедничкиот интерес, а неговата реакција на референдумот беше многу штетна, наведува изворот.
Покрај тоа, изјавите на Јункер на тема независнот на Северна Ирска и Шкотска, а посебно неговиот состанок со Никола Старџен, се сметаат за „неопотребно провокативни“, додава Индепендент.
– Ова не е вистинско време за кавги во институциите на ЕУ, но протисокот врз Јункер да поднесе оставка ќе се зголеми, а Меркел на крајот ќе мора да се позанимава со тој проблем во следната година, наведува изворот.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата