Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп
Серија „А“ би можела да ја смета Индија како потенцијален домаќин на италијанскиот Суперкуп во обид да ја прошири глобалната публика на турнирот, изјави директорот за продажба и маркетинг на италијанската лига, Микеле Чикарезе.
Натпреварот, кој се игра меѓу победниците и вицешампионите од претходната сезона во лигата и Купот на Италија, се одржа во Саудиска Арабија во јануари, каде Милан го победи Интер со 3-2 и го освои трофејот по осми пат.
- Она што го правиме е да донесеме трофеј како Суперкупот низ светот од едноставна причина да ангажираме поширока публика и да го донесеме најдоброто од оваа култура. Значи, токму тоа можеме да го направиме и да продолжиме со разговорот за да дојдеме да играме во Индија, изјави Чикарезе.
Кандидатурата на Индија да биде домаќин на Олимписките игри во 2036 година е обид да се позиционира земјата како глобален спортски центар.
Тој посочи дека влијанието на индиското првенство во крикет натпреварување може да ја промовира земјата и да го привлече вниманието кон достигнувањата на другите спортови, повлекувајќи паралели со проектот „произведено во Италија“.
- Произведено во Италија е начинот на кој се ангажиравме со сите 20 клубови од Серија „А“ и секој клуб обезбедува еден од важните играчи за да го промовира не само градот туку и клубовите, територијата, синџирот на производство и се што го опкружува тој клуб, додаде Микеле Чикарезе.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија