-->
-->
Индија до 15 август ќе има вакцина против Ковид-19?
-->
Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦМР) избра десетинa институти за клинички тестирања на вакцина за Ковид-19, а вакцината би можела да биде готова до 15 август, со што Индијците би биле први во светот што ќе го направат тоа.
„Вакцината е добиена од видот САРС-Ков-2 изолиран од страна на Националниот институт за вирусологија. ИЦМР и „Бхарат биотецх интернатионал лимитед“ заедно работат на претклиничкиот и клиничкиот развој на оваа вакцина“, пишува во писмото што ИЦМР го испрати до институтите.
Предвидено е дека вакцината ќе биде пуштена во јавна употреба најдоцна до 15 август, по завршувањето на сите клинички испитувања. Сепак, стручњаци го доведуваат во прашање тој рок зашто клиничките испитувања почнуваат сега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот