Индија со рекордни 1.4 милиони тони извоз на пченица во април
– Индија во април извезе рекордни 1.4 милиони тони пченица, според четири трговски извори, со оглед на тоа дека купувачите бараат алтернативни решенија, по блокадата на извозот од црноморскиот регион поради војната во Украина, јавија странски медиуми.
Во април минатата година, Индија, вториот најголем производител на пченица во светот, извезе само 242.857 тони.
Април е првиот месец од фискалната година во Индија. Земјата во фискалната 2021/2022 година извезе рекордни седум милиони тони жито.
Во ова време од годината, земјата е единствениот голем снабдувач со пченица. Нејзиниот извоз на жито забележа раст, откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.
Изминатиот месец, Индија заврши со нова жетва, па нејзините испораки на пченица може дополнително да се зголемат во мај, истакнуваат трговци.
– Испораките во мај може да пораснат на 1.5 милиони тони, појасни застапник на глобална трговска компанија од Њу Делхи.
Според него, понудата на пченицата и достапноста на железничките вагони се подобрени изминатите недели и тоа ќе овозможи поголеми испораки во мај.
Клиенти од Азија и од Блискиот Исток купуваат индиска пченица бидејќи е поевтина од други алтернативи, додава изворот.
Индија извезува пченица во јужна и југоисточна Азија, на Блискиот Исток, во Европа и во Северна Африка.
Поради намалено снабдување од Украина и од Русија, земјите што заедно сочинуваат околу 29 отсто од светскиот извоз на пченица, за првпат од Индија купи и водечкиот увозник Египет.
Но, земјата во април извезуваше пченица и на други нови пазари, како на пример Израел, Турција, Индонезија, Мозамбик, Танзанија, наведуваат трговци.
Индиска пченица купи и Светската програма за храна на Обединетите Нации, за да се снабдат Сомалија, Кенија и Џибути, додаваат изворите.
Ново на Сител
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
