Индонезиски војник пронајден жив две недели по падот на хеликоптерот

Војникот, кој бил во хеликоптерот на индонезиската војска што се урна пред повеќе од две недели, е пронајден жив во џунглата, информираа денеска воени претставници, а пренесе Танјуг.
- Војникот Јоханес Сјахпутру синоќа беше пронајден од жителите на едно село на островот Борнео, изјави портпаролот на војската Сабрар Фадхилах.
Како што објасни порпаролот на армијата, војникот бил во исклучително тешка состојба кога го нашле жителите на селото- исцрпен и со повеќе рани на рацете, околу половината и на нозете, а неколку дена и ништо немал јадено.
Сјахпутра, со уште четворица војници, се наоѓал во хеликоптерот со кој на 24 ноември се загубил контактот над џунглата.
Остатоците од хеликоптерот беа пронајдени три дена подоцна.
Во несреќата погинаа тројца војници, еден преживеа, а Сјахпутра тогаш не беше пронајден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
