Инфантино: Критичарите на катарската организација на СП се лицемери

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предизвикува бурни реакции на ден пред почетокот на Светско првенство, обвинувајќи го за лицемерство дел од западниот свет кој ја критикува катарската организација на Мундијалот.
– Оние кои го критикуваат Светското првенство се лицемери, ова што во моментов се случува навистина е неправедно, рече Инфантино на конференција за новинари во Доха која ја отвори со едночасовен монолог во кој истакна оти се чувствува истовремено „Катарец“, „Арап‘, „Африканец“, „геј“, „инвалид“ и „работник емигрант“.
– За тоа што ние Европјаните го сторивме во изминатите 3.000 години, би требало да се извинуваме во следните 3.000 години пред да почнеме на другите да им држиме морални лекции. Тие морални лекции не се ништо друго освен лицемерие, порача Инфантино.
Тој се осврна на новински извештаи во неколку земји – Шпанија, Англија, Франција-во кои пакистански навивачи со знамиња на Аргентина се опишуваат како „лажни навивачи“.
– Тоа е чист расизам. Секој на светот има право да навива за кого сака, рече првиот човек на ФИФА на прес – конференција во Доха.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
