Инфо сесија за натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“

Фондот за иновации и технолошки развој денеска во амфитеатарот на ФИНКИ на Технолошко- металуршки факултет во Скопје ќе презентира детали за процесот на аплицирање за натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“.
За натпреварите ќе говорат директорите на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска и на ЈСП Скопје Игор Јанушев. Техничкиот дел за „Скопски автобуски хакатон“ ќе го претстави проф. д-р Иван Чорбев од ФИНКИ, а техничкиот дел за прототип натпреварот „Паметна автобуска постојка“ – проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет Скопје.
Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје ги организираат натпераврите за промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научноистражувачките, високообразовните институции и бизнис-секторот и промоција на лабораториите во високообразовните институции.
Натпреварите се отворени за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат познавања во областа на развојот и дизајнот на идејни софтверски решенија и сакаат да се вклучат во креирањето и воведувањето иновации во јавниот сектор, а со цел подобрување на јавните услуги.
Заинтересираните за натпреварите можат да аплицираат на натпреварите на линковите „Скопски автобуски хакатон“ >http://jsphakaton.mk/ и „Паметна автобуска постојка“ >https://goo.gl/LGp9Mb
Организацијата на натпреварите е поддржана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Техничкиот факултет во Битола, Технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Ново на Сител
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
