Инфо сесија за новиот јавен повик „ПристАПП транспорт“

Фондот за иновации и технолошки развој и Министерство за транспорт и врски денеска организираат промоција на јавниот повик „ПристАПП транспорт“ за доделување финансиски средства за креирање на иновативно решение за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.
Инфо-сесијата ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ како дел од саемот кој се одржува во рамки на Дигиталниот самит на Западен Балкан.
Инфо сесијата ќе ја води директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, а ќе се обратат и Елена Ангеловска Атанасовска, раководител на Секторот за патен сообраќај и инфраструктура во Министерството за транспорт и врски и вон. проф. д-р Боро Јакимовски, продекан за наука и меѓународна соработка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство.
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
