Инспекцијата одзеде куче држано во крајно нехумани и незаконски услови, предадено под надзор на ЈП „Лајка“

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка", спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.
Како што соопштија од ЈП „Лајка“, согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба - екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.
-Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка". На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување, наведуваат од Јавното претпријатие.
Од Лајка воедно посочуваат дека случајов силно нè потсетува дека „држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување".
-Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита. Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање. Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање. Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавуваат случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните, апелираат од ЈП Лајка.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан
-

Во Општина Крушево ќе биде отворена новата канцеларија за административни услуги
-

Најмногу дожд наврнал во Берово
-

Англија ја победи Франција за третото место со 6:4
-

Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
