-->
-->
Интер му нуди на Модриќ плата од 11,5 милиони евра
-->

Раководството на Интер е подготвено да му даде огромна плата на Лука Модриќ, за да го напушти Реал Мадрид во насока „Џузепе Меаца“.
Според експертот за трансфери во Италија, Џанлука Ди Марцио, „нероазурите“ ќе понудат четиригодишен договор на хрватската ѕвезда со плата од 11,5 милиони евра.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез синоќа изјави дека нема да го пушти фудбалерот да замине за помалку од 750 милиони евра. Според Ди Марцио, позицијата на градежниот магнат може да се ублажи, откако ќе одржи разговор во четири очи со Модриќ.
Двајцата се во одлични односи и Перез може да постигне џентлменски договор со халфот и да го продаде за далеку помала сума, слично како што се случи со Кристијано Роналдо.
„Кориере дела Сера“ додава дека Интер ќе му понуди на Реал 15 милиони евра за изнајмување на 32-годишниот Модриќ, а следното лето ќе потпише за постојано, за уште 25 милиони евра.
„Нероазурите“ се на пат да го пропуштат Артуро Видал од Баерн Минхен токму поради преговорите со Хрватот кој им е цел број 1. Чилеанскиот репрезентативец е со една нога во Барселона.
Модриќ игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 2012 година, кога беше купен од Тотенхем за 35 милиони евра. Со Реал ја освои Лигата на шампиони четирипати, по еднаш титулата и Купот на Шпанија, има по три Суперкупови на УЕФА и Светското клубско првенство, како и два Суперкупа на Шпанија.
Досега Интер се засили со Раџа Наинголан од Рома за 38 милиони евра, Лаутаро Мартинез (Расинг Клуб, 16 милиони. Евра), Федерико Димарко (ФК Сион, 7 милиони евра), Симе Врсаљко (Атлетико Мадрид, изнајмување за 6, 5 милиони евра), Матео Политано (Сасуоло, изнајмување за 5 милиони евра), а Стефан де Врај (Лацио) и Квадво Асамоа (Јувентус) беа земени како слободни агенти.
Од позајмица во Сантос се враќа Габриел Барбоса-Габигол, но тој најверојатно ќе биде продаден. Во исто време, Италијанците не се разделија со ниту еден главен играч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
