Интерес за нови трактори преку ИПАРД во Неготино и Демир Капија

Дваесет и четити лица од Неготино и Демир Капија аплицираа за финансиска поддршка преку ИПАРД програмата, информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на Работната единица при Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.
- Земјоделците кои конкурираат согласно најновиот повик за поддршка од оваа програма, се најмногу заинтересирани за набавка на нови трактори и земјоделска механизација, соопшти Ајтов.
Девет лица од двете општини, пак, имаат аплицирано за обезбедување на финансиска поддршка преку Националната програма за рурален развој.
- На сите кои се јавија на последните повици за поддршка според овие две програми, им помагаме во дополнување на документацијата, рече Ајтов.
Истовремено, додаде тој, во Агенцијата им стојат на располагање на сите земјоделци, да им дадат совети околу најразлични прашања од областа на земјоделството.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
